Следен па кога ќе посакате да нападнете некого поради нешто, гризнете се за јазик и пребројте до сто!
Знаеме дека кавгите не се добри, иако е потполно нормално, и понекогаш пожелно е да си олеснете на душата и да го искажете сето она што ве мачи. Но, и потврдено е дека расправиите не предизвикуваат само создавање на брчки, туку е и прилично лошо за вашето здравје. Имено, неодамнешното спроведено медицинско истражување за врската измеѓу брачните кавги и медицинските проблеми, покажало дека здравјето на оние парови кои често се расправаат е значително полошо.
На сеучилиштето Бирмингем во Ута, направено е истражување во текот на последните 20 години, следејќи приближно 1700 брачни парови. Учесниците требало да го оценат своето здравје на скала од лошо до одлично и да ја исполнат анкетата за квалитетот на животот и брачната среќа. Утврдено е дека најчестите причини за кавга биле врзани за пари или со децата.
Експертите тврдат дека фактот кој покажува дека преку кавгата се доведува до здравствени проблеми се сведува на меѓусебната интеракција и грижата еден за друг. На пример, среќните парови имаат тенденција почесто да готват и јадат заедно поздрави оброци. Паровите кои подобро се сложуваат исто така почесто вежбаат, се занимаваат со некаков спорт или заедно се рекреираат на било кој начин. Освен тоа, имајќи предвид дека помалку се расправаат, трпат понизок ранг на стресови, значи дека подобро спијат и помала е шансата да почнете да пушите или да консумирате алкохол, а сето тоа придонесува за подобро здравје.
Други студии во тоа подрачје на несреќни бракови се поврзани со депресија и тешкотии. Стравот кој доаѓа од лошиот однос може да го зголеми крвниот притисок и да го ослаби имунолошкиот систем. Исто така е докажано дека среќните парови делуваат превентивно на развојот на болеста во текот на годините. Паровите кои често се расправаат треба да побараат стручна помош како би се намалил бројот на нивните конфликти, затоа што тоа негативно влијае врз нивното здравје.
Освен тоа, кога сопружниците во среќниот брак имаат лош ден, веројатно меѓусебно се поддржуваат и се сочувствуваат едни со други, а токму таа поддршка го намалува стресот и помага при одржувањето на здравјето на добрите.