Хрватската пејачка Северина Којиќ се испокарала со нејзиниот кум Андреа Чермак, пишуваат српските медиуми. Таа му се јавила минатата недела и му се налутила зашто не е со неа во овие тешки за неа моменти.
„Северина му испрати бројни пораки во кои му замери дека не ѝ помага во ова тешко време. Потоа имаа сериозна расправија. Северина има обичај да се расправа со луѓето кога не го добива потребното внимание од нив“, вели извор близок до пејачката.
Медиумите пренесуваат дека минатата па и оваа година дефинитивно Северина ќе ги памети по лоши работи. Минатата година таа го изгуби старателството над нејзиниот син Александар, а истиот го доби нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
Сега, Северина повторно има проблеми со својот сопруг Игор Којиќ. Медиумите пишуваат дека меѓу нив двајца работите драстично се влошиле и дека на нивната врска ѝ се ближи крајот. Двајцата од неодамна престанаа да се следат на социјалните мрежи.
Северина неодамна беше и казнета поради нарушување на полицискиот час. Таа прво на полицијата ѝ објаснила дека сакала да отиде до аптека, за подоцна да каже дека само излегла да го препаркира својот автомобил.
Северина беше казнета и од судот за објавување фотографии од нејзиниот син на социјалните мрежи. Таа мораше да плати 340.000 евра за сите објавени фотографии од Александар.