Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, никогаш досега не објавиле слики од синовите Леон и Лука во јавноста. Но, папараци ја сликаа Ана додека се шеташе со децата во Шпанија. На прошетката со нив се и мајка ѝ на Ана, но и мајката на Бастијан.
Според шпанските медиуми, кои ги објавија сликите, тенисерката и фудбалерот се на семеен одмор во Палма де Мајорка заедно со нивните родители. Тие се таму веќе неколку дена, а заминале веднаш по отворањето на границите.
Инаку, и Ана и Бастијан важат за луѓе што ја чуваат приватноста за себе. Тие ретко јавно зборуваат за семејството, а на сликите што досега ги објавиле од нивните деца никогаш не им се гледал ликот на Леон и Лука.