Многумина сметаат дека холивудските врски, без разлика дали пријателски или романтични, не траат долго. Најчесто слушаме за славните парови кои се разделиле, или славните пријатели кои повеќе не зборуваат едни со други. Но и на ѕвездите им се потребни пријатели, а некои од холивудските пријателства траат со децении.
Погледнете дел од најдолгите пријателства во Холивуд:
Тори Спелинг и Џени Гарт, пријателки од 1990.
Тори и Џени се запознаа на снимањето на „Беверли Хилс, 90210“ во 1990-та. Оттогаш, актерките се неразделни – секогаш се поддржуваат, минуваат многу време заедно, но работат и на заеднички проекти.
Лив Тајлер и Алисија Силверстон, пријателки од 1994.
Во 1994-та, Лив и Алисија се појавија во музичкиот спот на „Crazy“ од Aerosmith и веднаш се спријателиле. Години подоцна, тие сè уште наоѓаат време една за друга.
Рис Витерспун и Кејт Хадсон, пријателки од 1991.
Актерките првпат се запознаа на премиерата на „The Man in The Moon“ во 1991-ва година и нивното пријателство трае веќе три децении.
Рис дури има изјавено дека мајката на Кејт, Голди Хоун, била нејзиниот идол кога ја почнала актерската кариера.
Никол Кидман и Расел Кроу, пријатели од 1992.
Никол и Расел се запознале во 1992-ра, на забава во домот на Наоми Вотс. Тој период актерката беше во брак со Том Круз, па тројцата веднаш се спријателиле:
„Таа го донесе Том каде што седев. Неверојатно беше што зборував со најголемата филмска ѕвезда тој период, а неговата сопруга му кажувала за моите филмови, па тој ми поставуваше прашања мене, а не обратно. Беше неверојатно искуство и оттогаш сме пријатели“, има изјавено Расел за првата средба.
Џенифер Лопез и Леа Ремини, пријателки од 2004.
Џеј Ло и Леа заедно се појавуваат во „Second Act“, но тие се познаваат долго пред снимањето на филмот. Наводно, Марк Aнтони ги запознал во 2004-та, на една филмска премиера.
„Тогаш се вљубивме една во друга. Тоа беше еден од оние моменти каде што веднаш си помислувате ’Ја сакам оваа личност. Сакам да се дружам со неа. Оваа личност знае да ме насмее‘. Прекрасна е и имаме многу сличности“, има изјавено Џеј Ло за нејзината пријателка.
Ал Пачино и Роберт Де Ниро, пријатели од 1960-тите
Ова е дефинитивно едно од најдолгите пријателства во Холивуд. Актерите првпат се запознале во доцните 60-ти, кога и двајцата беа на почетокот од кариерата.
Кога го прашаа Ал Пачино за нивната прва средба, тој изјави:
„Многу добро се сеќавам на средбата. Го видов ова момче и си помислив дека има неверојатна харизма. Не правеше ништо. Само зборуваше. Но се чувствуваше нешто од него“.
Интересно е што двајцата многупати се натпреварувале за иста улога, но ова никогаш не им го разнишало пријателството.
Џастин Тимберлејк и Рајан Гослинг, пријатели од 90.
Џастин и Рајан се запознале на почетокот на 90-тите, кога и двајцата беа дел од The Mickey Mouse Club. Рајан дури и живеел кај семејството на Џастин некој период, поради проблеми со државјанството.
Леонардо ди Каприо и Тоби Мегваер, пријатели од 80-тите
Познатите актери се запознале кон крајот на 80-тите, кога заедно оделе на аудиции.
„Откако го запознав Тоби на аудиција, веднаш помислив дека сакам да ми биде пријател“, се присетува Леонардо.