Аделина Тахири нападнала малолетно девојче, пејачката вели: И го земав само телефонот

Поп-пејачката Аделина Тахири нападнала малолетно девојче, во населбата Орман. Ова го тврди нејзината сосетка, која вели дека Тахири ѝ се заканувала на нејзината 12 годишна ќерка, дека ја влечела и тепела, а на крајот и го украла и мобилниот телефон. Настанот го потврдија и од МВР.

Тахири негира дека го нападнала девојчето и објасни дека само ѝ го земала телефонот, откако ја видела како ја снима неа и нејзиниот син.

„Бев излезена со мојот син, сестра ми и жената којашто ми помага дома. Забележав дека девојчето ме снима со нејзиниот телефон, тргнав кон неа и ја прашав дали ме снима. Таа одговори потврдно, по побарав да ја избрише снимката. Таа ми кажа дека не сака, по побарав да ми го даде телефонот. Повторно ме одби. Во тој момент ѝ го зедов телефонот и очекував дека мајка ѝ ќе дојде и ќе го отклучи, за да ја избрише снимката. Место мајка ѝ дојдоа од полицијата, откако претходно ме пријавиле“, изјавила Тахири за „А1он“.

 

Scroll to Top