Поради пандемијата со коронавирусот, челниците на Формула 1 мораа да откажат уште три трки. Годинава нема да се вози на патеките во Сингапур, Азербејџан и во Јапонија.
Трката во Јапонија е откажана поради ограничените патувања, додека во Сингапур и Азербејџан, како што навеле организаторите, постои проблем со патеките и нивното конструирање.
Сезоната требаше да почне на 15 март во Австралија, но одложена е поради Ковид-19.
Според планот првата трка во новата сезона ќе се вози на 5 јули во Австрија.
Ф1 и ФИА објавија дека осум трки се сигурни, сите ќе се возат во Европа, засега во
календарот последна трка е во Монца на 6 септември.
Од Формула 1 се надеваат дека ќе можат оваа година да организираат 15 трки.
Комплетниот календар треба да биде објавен по првата трка во Австрија.