Клубот на Работнички сезонава го донесе своето прво засилување за наредната сезона. Тимот на „романтичарите“ се засили со старо-новио член Муарем Муарем.
Фудбалерот веќе потпиша едногодишен договор со клубот и ќе биде одлично засилување во тимот на тренерот Ратко Достаноиќ.
Муарем се врати во клубот на Работнички, каде ги почна своите први професионални фудбалски чекори во периодот меѓу 2008 и 2010 година. За Работнички играше и во 2010/11 година.
Работнички го доведе првото засилување за следната натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига. Старо-нов член на „романтичарите“ е Муарем Муарем.
„Тој сигурно ќе биде големо засилување за составот на Ратко Достаниќ, со оглед дека има репрезентативно искуство и неколкугодишна интернационална кариера, изјавиле од Работнички преку соопшнието до јавноста.
Муарем Муарем во македонското првенство настапуваше за Работнички, Тетекс и за Шкупи, а интернационалната кариера ја градеше во Турција (Ордуспор, Ескишехирспор), Азербејџан (Карабах), Казахстан (Актобе) и во Албанија (Фљамуртари).
Фудбалерот ќе се приклучи на тренинзите на тимот по 23 јули, кога ќе истече неговата суспензија откако имаше позитивен допинг тест пред две години.