Чарлс му открил на Хари дека не е негов биолошки син

Принцот Чарлс му открил на Хари дека не е негов биолошки син, пренесува story.hr, повикувајќи се на светскиот магазин Globe.

Иако странските медиуми веќе некое време шират гласини за тоа дека 35. годишниот, сега веќе поранешен принц Хари, не е син на 71. годишниот принц Чарлс, магазинот Globe пишува и дека токму синот на кралицата Елизабета, му ја открил прв таа тајна.

Како што пренесува Globe, принцот Чарлс се одлучил повеќе да не молчи поради Меган Маркл. Сопругата на Хари е таа која го натерала Чарлс да му ја каже на својот син тајната која ја чувал долго време.

Според изворот на Globe, Меган Маркл го излудела принцот Чарлс со нејзините постојни жалби за сè и сешто, кои на крајот го натерале синот на кралицата да го повика Хари на разговор.

За време на разговорот, Чарлс и Хари постојано се расправале, а тогаш постариот принц одлучил да му каже на својот син дека не е негов биолошки татко.

Според наводите на Globe, британскиот престолонаследник потоа му раскажал на Хари дека односот меѓу него и починатата принцеза Дајана, се заладил уште пред да се роди неговиот брат 37. годишниот принц Вилијам и дека Дајана му била неверна во бракот.

Чарлс исто така објаснил дека отсекогаш знаел дека Хари не му е биолошки син, но не открил во јавноста, затоа што не сакал да ги изгуби сите привилегии кои му припаѓаат, со оглед на кралското потекло, објаснил изворот близок до кралското семејство за светскиот таблоид.

Тој додал дека 71. годишниот принц, не сакал на Хари да му открие кој му е вистинскиот татко.

Иако службени и официјални потврди за ваквите информации не постојат, Globe овој пат споменал и дека таткото на принцот Хари може да биде 62. годишниот британски поранешен офицер, Џејмс Хјуит, кој имал афера со принцезата Дајана.

Двајцата биле заедно за време на бракот со принцот Чарлс, а Џејмс со Хари ја делат и препознатливата портокалова боја на коса. Во едно од своите интервјуа, Џејмс негирал дека му е татко на Хари, објаснувајќи дека бил во врска со Дајана, откако Хари се родил.

Извор/story.hr,

 

Scroll to Top