(Видео) За помалку од една минута Роналдо промаши пенал, а Ребиќ поцрвене

На синоќешниот натпревар во Торино, кој се одигра на празни трибини меѓу Јувентус и Милан, во рамките од полуфиналето во Купот на Италија, најинтересниот момент се случи во 17 минута, кога Кристијано Роналдо успеа да промаши пенал, а веќе во следниот момент противничкиот играч Ребиќ заработи црвен картон.

Мечот заврши без голови, на радост на „старата дама“, поради голот постигнат во гости на Сан Сиро, во мечот кој се играше пред да се случи пандемијата со коронавирусот.

Роналдо не успеа да го совлада Џанлуиџи Донарума, бидејќи топката заврши во стативата и се одби далеку од мрежата на „росонерите“.

Неколку моменти подоцна,  Анте Ребиќ жестоко стартуваше врз еден свој противник и заслужено заработи директен црвен картон.

 

 

 

Scroll to Top