Вчера во Србија почина Бобана Момчиловиќ-Величковиќ (31), трикратна европска шампионка во стрелање. Бобана, која е актуелен првак на Стариот Континент во стрелаштво во категоријата воздушен пиштол на 10 метри, имала компликации при породувањето пред дваесетина дена. Ситуацијата дополнително се закомплицирала во последните неколку денови и докторите не успеале да ја спасат.
„Беше голем борец, но, за жал, најважната животна битка ја загуби денеска“, објавија од Стрелачкиот сојуз на Србија.
Српските медиуми пишуваат дека бебето не било загрозено и се чувствува добро.