Панчо од ДНК се пофали дека конечно му се исполнила една од трите најголеми желби во животот, на еден ден да биде Маријан Стојаноски. Тој со Андријана Јаневска вчера ја испеа песната „Име ти е адреса“, големиот хит што пред 20 години на „Макфест“ го пееја Андријана и Маријан. Видеото го сподели на Фејсбук и вели дека е како „Маријан од ‘Али експрес’“. А на Андријана ѝ се заблагодари што и преку маска и на дистанца, со сите мерки за заштита, пеела со него.
„Денеска беше посебен ден за Панчо, кој виде како е да се биде на местото на Маријан. Му се оствари една од трите најголеми животни желби, па сега му останаа уште две“, напишаа ДНК.
Преработката на песната му се допадна и на Маријан, кој го пофали Панчо за пеењето, но и што се сетил на големиот евергрин.