Денис Квејд се ожени зa 39 години помлада девојка

Глумецот Денис Квејд и неговата 39 години помлада девојка Лора Савоа се венчале тајно на почетокот на овој месец, пишува магазинот „Пипл“, кој објави фотографии од свадбата. За Денис ова е четврти брак.

„Беше убаво. Додека гледав во нејзините очи, сфатив дека таа е најубавата невеста. Сум бил во брак трипати, но сега сум сигурен дека ова е она вистинското. Чувствувам дека ја најдов вистинската жена во мојот живот“, рекол глумецот.

Свадбата првично била планирана за април, на Хаваите и со голем број гости, но ја одложиле поради пандемијата со коронавирусот.

Новата сопруга на Квејд (66) е помлада и од неговиот 28-годишен син.

„Не барав таква разлика во годините, односно некоја толку помлада од мене. Ја запознав на деловен настан и врската постепено се развиваше. Не можете да одлучите во кого да се вљубите. А, и јас не се вљубувам лесно“, рекол глумецот кога во јавноста се дозна дека се во врска.

Scroll to Top