Филип Талески уште пред да заигра за Вардар го навлече гневот на фановите на актуелниот европски шампион откако се појавија видеа како пее „Металург е шампион“.
Филип Талески имал заедничка средба со поранешните соиграчи од Металург, Томовски, Кузмановски и Пешевски, а на неа бекот направи гест кој го навлече гневот на вардаровите навивачи. Тој ја пееше песната на тимот од Автокоманда: „Металург е шампион“. Тоа не остана незабележано од фановите на Вардар кои сега својот гнев го искажуваат преку социјалните мрежи.