Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, веќе не е најплатен играч на Барселона. Пред него сега се поранешниот играч на Вардар Лука Циндриќ и данскиот интернационалец Ласе Андерсен. Двајцата заработуваат по 25.000 евра месечно. Кире во клубот дошол за 10.000 евра месечно, но потоа платата му се зголемила со што станал најплатен играч на Барса, пишуваат шпанските медиуми.
Лазаров настапуваше за каталонскиот клуб од 2013 до 2017 година. Тој веќе неколку сезони игра за францускиот Нант.