Грција почна да ги депортира туристите заразени со коронавирус. Белграѓанка раскажала за српски „Блиц“ дека во неделата со сопругот и синот заминале со автомобил на капење на Халкидики. На границата со Грција грчки лекари зеле брис од еден член од семејство од секој автомобил со српски регистарски таблички. Граничарите им наложиле следните 24 часа да ги поминат во самоизолација и им соопштиле дека доколку тестот се покаже позитивен, ќе бидат известени за најмногу 72 часа.
Семејството ги поминало следните три дена низ Ситонија, а по истекот на тие 72 часа им јавиле дека се позитивни. Во телефонски разговор тие требало до детаљ да го објаснат секое свое движење и мерките за заштита што ги презеле. Бидејќи повикот ги начекал на плажа, им наложиле да се вратат во својот хотел и да не излегуваат од собата следните 14 дена. Но, половина час подоцна им дале уште една опција, ако сакаат можат да се вратат сами во Србија, под услов за време на целото патување да носат маска и да застанат само доколку е неопходно.
Оваа опцијата им ја дале бидејќи сопругот немал симптоми, па веројатно процениле дека за сите ќе биде подобро да заминат.
Тие се првите туристи кои морале да ја напуштат земјата поради Ковид-19.