Британскиот музичар сер Елтон Џон доби златна монета. Тој денеска стана вториот уметник годинава чиј лик се најде на комеморативна монета на британската кралска ковачница, пренесува Би-би-си.
Британската кралска ковачница го овековечи Елтон Џон на златна монета од 1.000 фунти, со која се оддава чест на неговото музичко наследство.
– Ова е голема чест. Во изминатите неколку години ми се случија некои од најнезаборавните моменти во кариерата и ова е уште еден убав јубилеј на тоа патување – изјави Џон.
Најевтината монета има номинална вредност од пет фунти и ќе се продава за 13 фунти, додека верзијата од еден килограм злато е со вредност од 1.000 фунти, но нејзината цена е 68.865 фунти.
Седумдесет и тригодишниот Џон ја прекина својата проштална светска турнеја поради пандемијата со коронавирусот.