Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда на својата официјална страница објави дека шест фудбалери се позитивни на корона. Тие ќе го пропуштат првиот дел од подготовките за новата сезона.
„Шест играчи на нашиот тим ќе минат две недели во карантин, па автоматски нема да бидат на подготовките“, се вели во соопштението на клубот.
Во карантин одат Спиридоновиќ, Николиќ, Ераковиќ, Гобељиќ, Јовичиќ и Јованчиќ. Клубот соопшти и дека иако тестовите на фудбалерите се позитивни никој од нив не покажува симптоми.