Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор во интервју за „Јутарњи лист“ открива детали за нејзиниот живот врзани за нејзиниот очув, кој сакал да ја силува. Таа неодамна ја издаде својата нова книга, „Премиер“, во која ги опиша овие детали од нејзиниот живот. Се сетила на моментите кога нејзиниот татко, кој ја тепал нејзината мајка, ја напуштил, а потоа дошол очувот, кој го правел истото, ја тепал мајка ѝ, а потоа се обидел сексуално да ја злоупотреби и Косор.
„Мајка ми безмилосно ја тепаше во собата иако таа се криеше од мене. Тепањето не беше ништо ново во нашето семејство, затоа што и дедо ми ја тепал баба ми. Тоа е стршно. Тоа беше сликата на моето семејство“, напишала Косор.
Таа рече дека нејзиниот очув го нарекувала „тато, затоа што била добра ќерка“, но не дозволила да биде жртва на сексуално насилство. „Се обиде да ме силува, но успеав да избегам. Тие моменти се ужасни“, открива поранешната хрватска премиерка.
„Дома не го спомнувавме татко ми. До седумгодишна возраст живеев само со баба ми и нејзиниот брат, а подоцна мајка ми, како учителка, успеа да биде преместена во Липик, местото каде што живеевме. Името на татко ми се спомна во куќата само еднаш, кога мајка ми се обиде да добие алиментација на суд. Татко ми дошол со двајца адвокати за да се одбрани и мајка ми се откажа од парите“ – раскажува Косор.
Таа смета дека треба да се зборува за семејно насилство и затоа решила да ги објави тие детали во книга.
Таа исто така раскажа кој бил најлошиот момент во нејзината политика.
„Тоа е кога на изборниот конгрес на партијата во салата ‘Лисински’ некој во тоалетот напишал за мене со големи букви ‘Јака курва’. Тогаш се скршив. Гледав во тие лица и се прашував кој го напишал тоа“.