Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, иако наскоро ќе полни 37 години, сепак е избран за еден од најдобрите играчи во италијанската Серија А. Спортските медиуми го опишуваат како „човекот што ја држи во живот екипата на Џенова“, а која сезонава се бори за опстанок во првата лига.
Според порталот „Инфогол“, Пандев се најде во идеалниот тим на 32. коло. Џенова го победи СПАЛ со 2-0, а првиот гол го даде Готран. За него тоа беше деветти погодок во оваа сезона.
Во ова рангирање, во нападот друштво на македонскиот фудбалер друштво му прават Лаутаро Мартинез од Интер и Рикардо Орсолини од Болоња. На останатите позиции, во тимот на колото се и Малиновски, Бонацоли, Шене, Гаљоло, Ферари, Јошида, Ди Лорензо и на голот Крагно од Калјари.
„Мајка ми без да знам ме запиша во средно“, искрено со Горан Пандев