Џез-музичарот Владимир Четкар, по три месеци, конечно, од Америка се врати во Македонија. И само што си дојде, Четкар првин отиде да си ја види баба Ристана, со која е многу близок.
„Понеделнички, прво, на пазар, па на кафе кај баба ми“, напиша музичарот, кој објави заедничка фотографија на „Инстаграм“.
Четкар на социјалните мрежи често споделува фотографии со својата 87-годишна баба. Освен што вели дека отсекогаш му била најголема поддршка, знае со неа да седне на кафе и во охриската чаршија или покрај езерото.
Инаку, Владимир требаше да си дојде дома уште во април. Но, поради короната и затворените аеродроми, остана во Њујорк, а летовите за Македонија му беа неколкупати одложувани. Во меѓувреме, тој откажа неколку концерти во Азија и Америка, а со организаторите бара нови термини за нивно одржување.