По борбата со ракот, повторно живот на мотор: Ивана и Ману ќе го обиколуваат светот

Скопјанката Ивана Чолаковска и нејзиниот сопруг Мануел Торес еднаш го минаа светот на мотор. Тие беа познати кога во 2017 година со нивниот мотор Јамаха тенере 660  поминаа 55 земји, 6 различни континенти и извозаеа 147 илјади километри. Но, кога сакаа повторно да патуваат низ Европа, следната година, тие соочија со сериозн  животен предизвик. Нејзиниот сопруг Ману имаше  сериозна дијагноза, рак на мочниот меур. По низа операции и третмани, тој сега се чувствува добро. Оди на редовни контроли, а парот повторно собра храброст да замине на пат околу светот. Овој пат со два мотори тие ги минуваат сите земји и предизвици.

Додека траеја третманите на Ману тиесепак  не се откажаа од патувањата и патуваа низ Европа, поблиски дестинации со комбе.

„Сепак, сега поради ситуацијата со корона вирусот локалните жители многу поинаку реагираат на нас. И додека порано не чекаа ширум со отворени раце и не канеа во своите домови, сега се плашат од нас  дури и не пријавуваат во полиција кога ќе видат дека шатор“, раскажува Ивана. Но, ова не ги демотивира да ја продолжат нивната Around Gaia приказна.

Во времето кога го обиколија светот тие спиеа под отворено небо, се сочија со тропски болести, на моменти имаа оброци само од чај и леб, се движеа на температури од минус 20 до плус 50 Целзиусови степени. Патувањето го финансираа  сами, од продажба и презентации на фотографиите кои ги правеле додека биле на патувањето затоа што Ману,  се занимава со фотографирање.

„Многупати размислував да ставам крај на патувањето тогаш. Неколкупати ги пакував торбите и пасошот спремна да се качам во авион и да се вратам дома. Скршеницата на ногата и операцијата во тоа изолирано место во Патагонија во Чиле беше еден момент за кој многу луѓе разбраа за нас, но вакво патување е преполно со тешки ситуации за кои не секојпат раскажуваме“, ни раскажа тогаш  Ивана за Репортер, за патувањето заради кое стаана познати.

„Денеска кога имаме поминато 55 земји насекаде околу светот, некои од нив ни приредија тешки моменти кои ќе ги паметиме засекогаш.  На Памир Планина -20ºC, во Патагонија 130 км/ч ветер, топло и дехидрираност во пустината Атакама,  патување од еден месец во Боливија, дивиот свет што нè заобиколува во Африка моментално. Сите овие околности му создаваат потешкотии на патувањето, и колку беше подолго патувањето толку  бевме  поуморни и носталгични за враќање дома. Но, што е патување без тешкотии?“, вели  Ивана за патувањето заради кое во 2017 на 1 април тие беа пречекани не само од членовите на мото-клубовите од земјава кои организираа дочек на двајцата авантуристи туку и од многу граѓани кои дојдоа на плоштадот во Скопје.

Александра Георгиев

 

Scroll to Top