Виртуозот на гитара Влатко Стефановски вечерва ќе одржи бесплатен концерт пред Хрватскиот народен театар во Загреб. Неговиот настап ќе биде дел од фестивалот „Св. Марко“. Концертот ќе биде копмилација од најпопуларните песни на Стефановски, најави музикологот Гордана Крпан.
„Меѓу избраните песни, повеќето се хитови што тој ги изведе првпат со групата ‘Леб и сол’, а потоа продолжи да ги изведува во различни верзии во текот на неговата кариера. Тука се етнокласиците ‘Абер дојде Донке’ и ‘Јовано, Јованке“, како и авторските ‘Чукни во дрво’, ‘Бистра вода’, ‘Као какао’, но и македонските традиционални мелодии како ‘Касапско оро’, ‘Јано мори’ и многу други“, стои во најавата.