Популарната американска водителка Елен Деџенерис, јавно се извини по покренатата истрага дека таа ги малтретирала нејзините вработени. Како што пренесуваат светските медиуми, таа дури и размислува да стави крај на снимањето на нејзинопто популарно шоу.
Како што изјавија некои од нејзините вработени, таа се однесувала лошо кон нив и ги понижувала. За некои од нив, Елен делела откази, во време на пандемијата, како од ракав. Сега водителката преку соопштение до јавноста, јавно призна дека и било жал за тоа што го правела.
„Жал ми е поради сè. Од првиот ден оваа емисија требаше да биде место за среќа. Место каде никој нема да подигне глас на друга личност и сите ќе бидат третирани еднакво, со целосно почитување. Некои работи очигледно сепак се променија. Разочарана сум што поедини мои колеги ме гледаат на таков начин и поради тоа се извинувам. Секој кој ме познава, знае дека не сум таква личност и дека сакав ова шоу да биде нешто поинакво. Едвај чекам повторно да почнеме да снимаме. Некои работи ги препуштив на другите, мислејќи дека ќе завршат работа, онака како што сакам и како што мислам дека треба. Видов дека тоа не функционираше и некои работи ќе мора да ги променам, за да ситуацијата никогаш не би се повторила“, напишала Елен во соопштението.
„Такви ситуации со Елен се случуваат секогаш кога камерите ќе се угаснат. Таа се прикажува во целосна друга личност. Секогаш е топла, драга и пристапна, но, всушност станува збор за грозна личност“, изјавил еден од вработените, кој сакал да остане анонимен, поради страв од тужба.
Останатите откриваат како Елен ги малтретирала и дека секогаш кога станувало збор за работата, секогаш имало од страна на водителката еден вид на мобинг.
„Дејли Мејл“ открива дека Елен сериозно размислува да прекине со снимањето на својата емисијата, поради притисокот на кој таа е подложна. Извор од „Телепикчерс“ открива дка водителката им порачала на директорите на телевизиската куќа, дека ѝ е доста од сè и дека сака да си замине од емисијата.