Бившиот сопруг на Меган Фокс, Брајан Остин Грин, не го прифатил разводот толку добро како што соопшти во мај годинава, кога отворено зборуваше за разводот по бракот од 10 години.
Актерката набрзо по разводот ја потврди врската со раперот Машин Ган Кели, а завчера на својот инстаграм-профил ја објави и првата фотографија со него и напиша: „Момчето е толку убаво што боли. Моето срце е твое“.
https://www.instagram.com/p/CDgilrTl19c/
Не помина долго време, а нејзиниот бивши сопруг ѝ одговори со четири фотографии на кои се нивните три заеднички деца и неговиот најстар син од бракот со Касиус.
„Момчиња се толку убави што боли. Моето срце е ваше“, напиша Брајан алудирајќи на објавата на Меган, која таа ја објави само еден час пред тоа.