Крај на љубовта меѓу Џенифер Лопез и Алекс Родригез!

Светските медиуми јавуваат дека ништо од свадбата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез, но не поради пандемијата на коронавирусот, туку поради проблеми во  љубовта. Нивниот однос веќе не е како на почетокот. На Алекс почна да му пречи тоа што Џенифер постојано се фотографира и снима гола, а на пријателите им се пожалил дека таа е опседната со покажување на телотo”, изјавил извор близок на славната двојка.

Светиските медиуми пишуваат дека  проблемите во нивната врска се појавија кога свршениците поради пандемијата на коронавирусот одлучија да ја одложат венчавката, која требаше да се одржи во Италија ова лето. Одредени светски медиуми тврдат дека пандемијата била само причина плус да добијат време и да го искористат периодот за размислување дали се сигурни за таквата одлука.

Поранешниот професионален играч на бејзбол наводно уште на почетокот на врската ѝ укажал на Џенифер дека сака да има уште деца, а таа му ветила дека ќе му го оствари тоа доколку се барем една година заедно. Но потоа го сменила своето мислење што многу го разочарало Алекс. Тој бил разочаран.

https://www.instagram.com/p/CDF2ahkpE32/?utm_source=ig_embed

 

Иако парот на Инстаграм сè уште објавува заеднички фотографии, дополнителни гласини за нивната разделба покрена и информацијата дека пред неколку дена ја објавија луксузната куќа во Малибу на продажба.

Сакаат да се ослободат од сите заеднички недвижнини за да ги поделат парите и да се разделат во мир”, изјавил изворот близок до Џеј Ло и Родригез.

Scroll to Top