Анџелина Џоли чувствува дека го губи случајот во судскиот спор за старателството над шесте деца, кој го води со Бред Пит, па затоа побарала изземање на судијата што го води процесот, пишуваат светските медиуми.
Џоли и Бред од 2016 година, кога се разведоа, водат битка за тоа кој ќе има право над шесте деца. Адвокатите на Џоли, како што пишуваат светските медиуми, поднеле барање до Врховниот суд во Лос Аџелес, во кое тврдат дека судијата не открил каков е неговиот однос со адвокатот на Бред Пит.
Извор близок до поранешната холивудска двојка вели дека ова е тактика на Џоли со која сака да предизвика одложување на разрешницата на случајот затоа што моментно работите не се движат во нејзина корист.
Главното прашање за кое Бред и Анџелина не може да се согласат е старателството над шесте деца.
„Џоли се обидува да го отпушти приватниот судија, кој го надгледува нивниот случај. Тој има право на тоа, но ако мисли дека е на добар пат во оваа правна постапка, тоа не би требало да го прави. Ова е класичен случај кога некој очекува лоша одлука од судот и се обидува да ја одложи постапката барајќи нов судија“, тврди изворот и додава дека нејзиниот потег е многу необичен.