Актуелниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон по четвртипат по ред триумфира на патеката „Каталуња“ во Шпанија.
Хамилтон почна од пол позицијата и до крајот на трката немаше поголеми проблеми да се искачи на пиедесталот. Зад него, место на подиумот имаше и за Макс Ферстапен со Ред Бул и Валтери Ботас од Мерцедес.
Денешната беше четвртата сезонска победа на Хамилтон со што дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман.
Британецот по 156-ти пат во кариерата избори место подиумот со што стана најдобриот во историјата на Ф1 во оваа категорија.
Пласманот од четвртата до десеттата позиција на денешната трка беше следниот: Перез, Строл, Сајнц, Фетел, Албон, Гасли и Норис.
Во генералниот пласман по 6 извозени трки Хамилтон е убедливо прв со 132 бода. Ферстапен е втор со 95, а на третата позиција е Ботас со 89.
Следната трка ќе се вози за ГН на Белгија.