Нина Карајованова беше победник на денешната трка во Охрид, од Македонскиот куп во далечинско пливање. Денеска во Охрид Свети Наум се одржа втората трка, а во неа учествуваа и накмалите учесници од генерацијата 2009 година. Тие пливаа еден километар.
Веднаш зад Нина, на втората позиција најбрзо исплива Сара Анастасовска, а третопласирана беше Милица Силјановска.
Во апсолутна категорија победници се Евгениј Поп Ацев во машка конкуренција и Ева Петровска кај жените.
Во техничка организација на ПК „Делфин“ под капата на Националната пливачка федерација, воедно Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, Виктор Мизо-КОСТЕЛ, ресторан Острово и езерска Полиција помогнаа успешно да биде завршен вториот круг од маратоните.