Горан Пандев е најдобар играч на „Џенова“ според фановите

Фановите на „Џенова“ го избраа капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев (37), за најдобар играч за оваа сезона. Тој сезоната 2019/2020 ја заврши со 9 гола, што за него е рекорд во 11 години колку што игра во Серија А. Пандев годинава имаше и неколку одлични асистенции, а потпиша и нов едногодишен договор со „Џенова“ за следната сезона.

Изборот за најдобар играч на „Џенова“ го спроведе „Планета Џенова 1983“, а фановите на Пандев му дадоа 5.024 гласови. На второто место беше Антонио Санабрија со 3.252 гласа, додека трет беше Ласе Шене со 2.783 гласа.

Неодамна во интервју за „Репортер“ Пандев откри дека уште не планира да ја заврши кариерата. Тогаш ни рече дека сака да игра на барем едно големо натпреварување, а во тек се квалификациите за Европското првенство.

„Мајка ми без да знам ме запиша во средно“, искрено со Горан Пандев

Scroll to Top