Јапонците веќе не сакаат да ја организираат Олимпијадата 2021

Голем број јапонски компании се против одржување на Летните олимписки игри и Параолимписките игри следната година во Токио. Ова го покажа истражувањето објавено на интернет, во кое биле вклучени 12.857 компании. Дури 27,8 проценти сакаат натпреварувањето да се откаже, а 28,8 проценти се за тоа Игрите повторно да се одложат. Истражувањето е направено во периодот од 28 јули до 11 август.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат ова лето, но беа поместени за една година поради пандемијата со коронавирусот. Организаторите на Игрите наведоа дека Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги известил дека најголемиот спортски настан ќе биде откажан доколку истиот не се одржи наредното лето.

Јапонија вложи многу во организацијата на Игрите. Официјално, земјата потроши 12,6 милиони евра, и покрај тоа што државниот ревизор потврди дека е потрошено двојно повеќе.

Јапонија и Токио се умерено погодени од пандемијата со коронавирусот, но во последните неколку недели бројките на заразените се во пораст. Според последните податоци, како последица од корона во Јапонија умреле околу 1,100 луѓе.

Scroll to Top