Саша Матиќ гради туристички комплекс на планината Тара

Српскиот пејач Саша Матиќ неодамна почнаа со изградба на голем туристички објект на планината Тара во западна Србија. Според „Блиц“, Матиќ комплексот го гради заедно со својот менаџер и неколку пријатели.

„Уште во текот на пролетта архитектите работеа на комплексен проект. Веќе во јуни почна изградбата на 30 апартмани, а според плановите, сè треба да биде завршено во мај следната година“, рекол за „Блиц“ извор близок на еден од партнерите во проектот.

Пејачот не потврдил дека почнал нов бизнис. Тој со семејството е во Црно Гора, каде што поседува луксузна вила од 18 век, а во која своевремено одморал и Петар Петровиќ – Његош.

Scroll to Top