Хрватскиот фудбалски капитен, Лука Модриќ, ѝ го честита родендено на својата сестра Јасмина. Тој често на социјалните мрежи објавува фотографии со сопругата Вања и децата Иван, Ема и Софија, но овој пат се пофали со својата сестра.
„Среќен роденден, сестро“, напиша Лука на нивната заедничка фотографија, на која се гледаше и роденденската торта со свеќички.
Освен Јасмина, тој има уште една сестра, Диора, но ретко ги покажува во јавност и на социјалните мрежи. Двете не сакаат да водат јавен живот како нивниот брат.
Семејството Модриќ ова лето често може да се види на плажите во Задар. На Лука друштво овој пат му правеше и фудбалерот Марко Остриќ кому му беше и кум на венчавката прет три години. Двајцата се дружат веќе подолго време.