Светското првенство во ракомет ќе се игра со публика, тестирања на секои три дена

Светското првенство во ракомет што ќе се одржи во Египет од 13 до 31 јануари догодина ќе се игра со публика, информираа организаторите. Ова е прво големо првенство на кое Македонија нема да учествува, бидејќи не доби вајлд-карта од ИХФ. На првенството ќе се натпреваруваат 32 репрезентации.

И покрај најавите за нормализирање на условите за игра, поради пандемијата со коронавирусот, германските клубови сè повеќе се жалат и сакаат првенството догодина да биде откажано. Нивниот предлог беше отфрлен од Светската ракометна организација, но оттаму велат дека е веќе направен посебен протокол за Ковид-19.

Комисијата за здравство на ИХФ одлучи сите учесници на Светското првенство пред доаѓањето во Египет да имаат негативни тестови на коронавирус не постари од 48 часа, а ќе се тестирааат и веднаш по пристигнувањето. Исто така, учесниците ќе се тестираат на секои 72 часа и ако се појави спортист со позитивен тест, ракометарот веднаш ќе биде испратен во карантин.

Од ИХФ најавија и дека натпреварите ќе се играат пред публика, но само во 25 до 30 проценти од капацитетот на арената. Секој присутен во арената ќе мора да носи маска и да ја почитува пропишаната социјална дистанца.

Scroll to Top