Фудбалер е казнет 1.200 долари затоа што ја бакнал топката

Аргентинскиот фудбалер Серхио Лопес, кој настапува за еквадорскиот клуб „Аукас“, е казнет 1.200 долари затоа што ја бакнал топката на мечот со „Макара“. Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Еквадор му изрече казна за неговиот потег бидејќи бакнувањето на топката е спротивно на правилата за превенција од ширење на короната.

Лопес е првиот фудбалер во Еквадор кој е казнет за бакнување топка.

Еквадорската лига пет месеци беше прекината поради пандемијата, а откако продолжи сезоната, петмина играчи беа казнети со по 1.200 долари за менување дресови, што, исто така, е забрането. Во Еквадор има над 6.600 починати од коронавирусот и 114.000 заразени.

Scroll to Top