Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ изјави дека ако Лионел Меси си замине од Барселона, тоа ќе биде голема загуба за шпанското првенство.
Хрватскиот репрезентативец ги изнесе своите ставови во врска со можното заминување на Аргентинецот од каталонскиот клуб.
„Тоа ќе биде голема загуба за шпанското првенство. Иста како со заминувањето на Кристијано Роналдо. Сепак, не може да се размислува за минатото. Ова е фудбал. Ако Меси замине, шпанското првенство сериозно ќе загуби во престиж, но ние треба да одиме напред. Ова значи дека други фудбалери ќе станат ѕвезди. Кога Кристијано го напушти Реал Мадрид, клубот продолжи да живее без него. Истото ќе се случи со Барселона и Ла Лига, изјави Модриќ за „Goal.com“.
Претходно беше објавено дека Меси има намера да ја напушти Барселона ова лето. Според извештаите во медиумите, главен претендент за 33-годишниот Аргентинец е Манчестер сити.