Хурем е повторно бремена, филмски колега е татко на бебето

Турската глумица Мерием Узерли, позната како Хурем султан од серијата „Сулејман Величествениот“, чека второ дете, пренесуваат турските медиуми. Таа ја потврди веста за бременоста, но не откри кој е таткото. Затоа медиумите пишуваат дека нејзина нова љубов и татко на детето е нејзиниот колега Чаглар Ертугрул, со кого наскоро ќе почне да снима филм за бомбардирањето на Србија.

„Јас сум бремена пет месеци. Ако сè оди како што треба, ќе родам девојче во јануари. Лара долго сакаше брат или сестра, пресреќна сум што нејзината желба наскоро ќе се оствари. И јас сум среќна затоа што основам свое семејство“, изјави Мерием за медиумите.

Глумицата ја има шестгодишната ќерка Лара, која ја доби во врска со 17 години постариот претприемач Кан Атес. Но, пред раѓањето на девојчето, двојката ги прекина сите контакти, па Мерием се грижи за неа како самохрана мајка. Таа го крие својот приватен живот од јавноста и не зборува за своите врски, но неодамна изјави дека е среќно за заљубена.

Scroll to Top