(Фото) Две тенџериња ајвар направи фудбалерот Горан Попов во дресот на Вест Бромвич

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Попов објави фотографија на која го носи дресот на Вест Бромвич Албин додека прави ајвар.

„Време е за ајвар“, напиша Попов на „Фејсбук“.

Тој се пофали на социјалните мрежи, додека подготвуваше зимница со неговата сопруга Василија. Од фановите доби само пофални коментари. Горан Попов досега има настапено за повеќе клубови во Европа, а во моментов работи како фудбалски агент. Најмногу се прослави во Динамо Киев, а беше дел и од англиската Премиер лигата и игреаше за Вест Бромвич Албион.

Scroll to Top