Смртните закани од непријателите го уплашија Ким, деспотот се сокри во бункер

Поради смртните закани кои ги добил, Ким Џонг-ун се крие во бункер, пренесуваат светските медиуми. Соураб Гупта, од Институтот за кинеско-американски студии, открил за „Раша тудеј“, откако потврдил дека Северна Кореја е во криза, а Ким се бори за да ја одржи контролата.

Кризата во земјата започнала уште минатиот месец, откако медиумите објавија дека севернокорејскиот лидер бил во кома и дека неговата сестра Ким Јо-џонг била принудена да го замени. Јужнокорејската национална известувачка служба подоцна пренела дека Ким ја делегирал Јо, од нејзините овластувања, наводно поради тоа што страдала од високо ниво на стрес.

„Лидерите во Северна Кореја можат да исчезнат кога неволјите им се во близина. Тие тогаш се засолнуваат во бункер. Кога во Северна Кореја во април се случи првиот бран на Ковид-19, Ким едноставно исчезна“, објаснува Гупта.

„Тој повторно се појави, откако беше сигурен дека вирусот е победен. Сега доаѓа огромен тајфун, а санкциите гризат. Северна Кореја е во страшна состојба. Сите овие работи тешко ја погодуваат земјата и самиот Ким. Тој се обиде да ја пренесе одговорноста на неговата сестра, која исто така сега ја нема во јавноста. Исчезнувањето на Јо покрена голем број прашања исто така. Никој ја нема видено од 27 јули“, вели Гупта.

Гупта вели дека нема прична за каков било конфликт меѓу Ким и Јо, објаснувајќи дека тоа е најбрзиот начин да се убие некој во Северна Кореја.

„Ким сака да го задржи водството во крвната линија. Затоа неговата сестра имаше предност пред неговата сопруга“, вели Гупта.

„Јо се занимава со односите со САД и Јужна Кореја, а наводно исто така го контролира и управувањето со корона-кризата во земјата. Парламентот во Северна Кореја во основа не беше функционален и тој беше надвор од него долго време“, вели Гупта.

 

 

 

 

Scroll to Top