(Галерија) Во фустан од мајка си на венчавка во Ровињ: Свадбена бајка на глумецот Жарко Димоски

Актерот од  „Театар комедија“ Жарко Димоски на почетокот на минатиот месец се ожени со  Андреа Јосифова. Венчавката беше во Ровињ, Хрватска, која, како што велат, периодов е нивниот врот дом. На вечавката беа само нивните блиски.

Свадбата, пак, ќе биде во некои подобри времиња, вели актерот, кој сега објави фотографии како сè изгледало во Ровињ. Невестата носеше венчаницата на мајка си, а тој е во специјално изработен бел костум. Фотографиите ги објави Андреа и напиша:

„Ви ја носиме нашата мала бајка направена во нашиот втор дом во Истра. Морав да ја носам венчаницата на мајка ми за фотосесијата, што беше неверојатно.
Уживавме во секоја секунда, и покрај топлото време и каснувањето од комарци.
Ровињ, изгледаш прекрасно“.

Фото: Рајко Боричиќ? Фејсбук: Жарко Димовски

Scroll to Top