(Видео) Австралијанка и нејзиниот татко заработија 1000 долари глумејќи дека се двојка

Австралијанката Кејси морала да го бакне татко ѝ Ник во телевизисокото шоу The Kyle and Jackie O Show и да го убеди водителот дека станува збор двојка, а не татко и ќерка.

На тој начин тие заработија 1000 долари. Во предизвикот „Дечко или татко?“, двајцата морале да одговараат и на прашања за сексот. Тој велел дека за време на сексот сакал да биде доле, а таа само ги потврдувала неговите одговори.

Во овој бизарен предизвик, кандидатите мораат заедно да се појават во емисијата, а водителот треба да погодува дали се работи за двојка или за татко и ќерка. Победниците кои ќе успеат да го измамат водителот, добиваат 1000 австралиски долари.

Дваесет и шестгодишната Кејси и нејзиниот 49 годишен татко, отидоа и чекор понатаму за да го измамат водителот. Двајцата се држеле за рака при влегувањето во студиото, а водителот потоа им поставувал сексуални прашања. Сепак и двајцата биле подготвени на сè.

„Сакам за време на сексот да бидам доле“, одговорил Ник, на прашањето која позиција ја преферира. Стејси само потврдила климајќи со главата.

Потоа двајцата одлучиле да се бакнат, а водителот заклучил дека станува збор за дечко и девојка.

„Никој не љуби како татко“, освен ако живеете во планина и немате сосед“, се пошегувал водитеот, а двојката откри на крајот дека сепак станува збор за семејство.

„Работи кои ги правиме за пари. Тој всушност ми е татко. Дечкото ќе ми биде згрозен“, изјавила Стејси.

 

Scroll to Top