Само по градник и куси пижами, поп-пејачката Елена Ристеска покажа како го почнува денот. Пилатес со тегови во домашни услови стана пракса не само на познатите, туку речиси на сите во време на пандемијата. Неколку фотки на нејзиниот инстаграм-профил беа доволна причина за коментари од нејзините следбеници. Елена перидов е актуелна по своите парфеми, со нејзин потпис, за кои снимаше и реклама во Мајами.