Од Квентин Тарантино, преку Ричард Гир, до Џорџ Клуни, списанието „Грација“ ги избра холивудските ѕвезди кои важеа за вечни ергени, но станаа татковци по 50. година.
Квентин Тарантино
Во февруари 2020 година Тарантино првпат стана татко. Легендарниот режисер, кој неодамна наполни 57 години, и 36-годишната израелска манекенка Даниела Пик, се венчаа пред две години. Пред да се сретне со својата сопруга, Квентин зборуваше дека не сака брак и деца, но подоцна се премисли. По раѓањето на синот, режисерот најави дека размислувал да ја заврши кариерата бидејќи тоа го спречува да го поминува целото слободно време со семејството.
Џорџ Клуни
Миленикот на дамите Џорџ Клуни и адвокатката Амал Аламудин се венчаа во 2014 година. На 55-годишна возраст актерот стана татко првпат, откако во 2017 година Амал ги роди близнаците Александар и Ела. Брзо пред да ја запознае својата сопруга, Клуни тврдеше дека нема намера да се жени или да има деца.
Хју Грант
Британскиот глумец е познат како заводник и во филмовите, но и во реалниот живот. Хју излегуваше со многу колешки, беше вмешан во секс-скандал, а во 2011 година неочекувано стана татко. За 50-годишниот Грант изненадување беше првата бременост на кинеската актерка Тинглан Хонг, која му роди ќерка. Таа му роди и син, речиси во исто време кога и телевизиската продуцентка Ана Еберштајн исто така му роди син. Во 2018 година, Грант конечно ја побара за сопруга Еберштајн, а неодамна таа роди близнаци.
Ричард Гир
Првиот син Гир го доби на 50 години. „Не жалам што станав татко толку доцна. Ако бев помлад, ќе продолжев да го барам својот пат во животот, да се грижам за развојот на мојата кариера. На 50 години, јас сум целосно подготвен да се посветам на воспитување на друга личност“, рече тогаш Гир. Синот на Ричард, Хомер Џејмс Гир, е роден во 2000 година, од бракот со неговата втора жена, глумицата Кери Лоуел. Тие се разведоа во 2013 година. Гир од пред две години е во брак со Алехандра Силва, со која има два сина.
Стив Мартин
Комичарот Стив Мартин првото дете го доби на 67 години. Во 2012 година, неговата сопруга Ен Спрингфилд, која тогаш имаше 41 година, роди девојче. Парот ја криеше веста од медиумите, па дури и денес речиси нема фотографии од ќерката на Мартин во јавноста.