Шоуто на Кардашијан завршува по 14 години

Реалното шоу Keeping Up with the Kardashians ќе заврши по 20 сезони, во 2021 година. Веста дека реалното шоу, што ги прослави семејствата Кардашијан и Џенер, завршува ја соопштија тие самите на „Инстаграм“.

„Со тешко срце мора да се збогуваме со шоуто ‘Кардашијанови’. По 14 години, т.е. 20 сезони, стотици епизоди и неколку спиноф-емисии, решивме како семејство да го завршиме ова толку специјално патување. Ние сме премногу благодарни на сите вас што нè следевте сиве овие години – низ добрите и лошите времиња, среќата, солзите и многуте врски и деца. Засекогаш ќе ги имаме прекрасните спомени и оние безброј луѓе што ги сретнавме на ова патешествие“, напишаа.

Реалното шоу почна да се прикажува 2007 година. Благодарение на него, Ким, Кортни и Клои Кардашијан, Кајли и Кендал Џенер, освен што се прославија во цел свет, заработија и милиони долари, почнаа свои кариери и отворија сопствени бизниси.

Scroll to Top