(Фото) Адам Лабунски на Босфор ја побара Џејлана за жена

Пејачот Адам Лабунски, кој стана познат во јавноста по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, се сврѓи со својата девојка Џејлана Дачиќ. Тој ја побара за жена во Истанбул, додека беа на романтично крстарење по Босфор.

Тој на „Инстаграм“ објави слики од мигот кога ја побара за жена, па напиша „Таа рече да“.

Пејачот, кој често прави постапки поради кои јавноста го осудува, добиваше вознемирувачки пораки кога ја почна врската со Џејлана.

За потсетување, пред две години Адам беше дисквалификуван од „Ѕвездите на Гранд“ поради несоодветно однесување со неговата менторка Марија Шерифовиќ. Претходно во јавноста се зборуваше и за тоа дека одбил да ги врати парите што ги зел за да пее на забавата на еден средношколец, откако момчето почина пред матурата. Тогаш беа објавени преписките и караниците меѓу Лабунски и семејството на момчето.

https://www.instagram.com/p/CE7fwYnsZw9/

https://www.instagram.com/p/CE6QS-9Me4f/

Scroll to Top