Политичарот Андреј Жерновски, кој во моментов е заменик-министер за надворешни работи, со сопругата Оле прослави 19 години брак. Двојката се реши за адреналинска прослава во Охрид, односно качување со мотори над Коњско. Жерновски фотографијата ја сподели и на социјалните мрежи, велејќи: „Адреналинска прослава, 19 години заедно“. Тие ги имаат синовите Никола (18) и Дарко (16).
Нивната љубовна приказна започнала одамна, а во една пригода Андреј Жерновски ни откри дека сопругата Оле ја побарал за жена во Солун кога ѝ направил финта да му помогне од багажникот да го извади алатот за автомобилот па таму, наместо француски клуч, Оле нашла свршенички прстен.