Линиската судијка на Ју-Ес-Опен, Лаура Кларк, одглуми дека била погодена од страна на Новак Ѓоковиќ, сметаат голем број фанови, по прегледаната снимка.
На едно од видеата кое е снимено од поинаков агол, а кое не било достапно за време на преносот, се гледа како топчето ја одминува, а Кларк паѓа како покосена, покажувајќи дека била погодена во вратот. Фановите на Ѓоковиќ сметаат дека организаторот се обидел да ја сокрие снимката.
Ѓоковиќ беше дисквалификуван од турнирот, за време на првиот сет од осмина-финалниот меч со Пабло Карењо-Буста.
Фановите на Ѓоковиќ го охрабруваат тој да поднесе тужба против Ју-Ес-опен, кој го дисквалификуваше поради глумата на Кларк.
Наввачите сметаат дека Ѓоковиќ треба да го тужи организаторот поради неоснованата дисквалификација, казната во износ од 257.000 долари, емотивната траума и рушењето на угледот.
Novak Djokovic should sue the #USOpen for:
1. Wrongful disqualification.
2. Fraudulant fines of $257k.
3. Emotional trauma.
5. Defamation of character.Ball clearly grazed her right shoulder and she pretended it hit her neck then #USOpen withheld footage until it was too late. pic.twitter.com/NkwUbhy7IE
— Novak Not Djokovic (@djokernole777) September 10, 2020