Џејн Фонда бара да се укине полицијата

Глумицата Џејн Фонда го повтори својот став за финансирањето и реконфигурацијата на полицијата во САД, по масовните глобални протести против полициската бруталност.

Глумицата во емисијата The View, го објаснила својот став, кога ја прашале што тоа значи кога луѓето зборуваат за дефинансирање на полицијата.

Фонда го дала примерот во Њу Џерси, каде граѓаните самите формираат тимови во заедницата, кои се движат од врата до врата и ги проверуваат соседите. Тие прашуваат дали постојат проблеми кои можат да се решат без потреба на полициските службеници.

„Овие тимови ги води заедницата“, изјавила Фонда, која објаснила дека парите со кои се финансира полицијата, треба да се пренасочат на потребите на истата.

На тој начин ќе се помогне во намалување на криминалот, семејните насилства, а општеството подобро ќе функционира.

 

„Разговараме за укинување на полицијата, за нејзино повторно конфигурирање и некои од заедниците да превземат водечка улога“, изјавила Фонда.

Расправата за намалување на средствата кои се вложуваат во полицијата, е постојана тема во последните неколку месеци, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд и Џејкоб Блејк како резултат на полициска бруталност.

 

Scroll to Top