Дваесет и деветгодишниот Борна од Криж во Хрватска стана ѕвезда на социјалните мрежи, поради неговата голема сличност со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Неговиот профил на мрежата за запознавање „Тиндер“ и повеќе од духовитиот опис „ако не ви пречи што личам на Александар Вучиќ, јавете ми се“, стана хит во регионот.
„Помладата верзија на Александар Вучиќ“, е само еден од коментарите на фотографијата на 29-годишниот Борна.
Борна за „Телеграф“ изјави дека добил 15.000 фанови на „Инстаграм“, заради сличноста со српскиот претседател. Тој вели дека не му смета што луѓето се шегуваат на негова сметка.
„Или ќе ја свртам работата на шега или ќе бидам лут на сите. Сè додека луѓето се коментираат убаво и се културни јас немам проблем со тоа“, изјавил Борна.
Тој вели дека споредбите со српскиот претседател почнале кога се здебелил. „Со него ме споредуваат откако се здебелив 10 килограми пред 5 години. Признавам дека понекогаш ми е навистина забавно, но и стресно на моменти“, вели Борна.