Полицијата ја идентификуваше жената која беше осомничена за испраќање на писмото на американскиот претседател Доналд Трамп, во кое се наоѓал смртоносниот рицин.
Ковертот, кој веројатно бил испратен од Канада, на адреса на Белата куќа, бил пресретнат од американската полиција. Засега не се откриени никакви други детали, освен што е идентификувана жената.
Писмото е задржано во последниот владин екстерен центар за прием на пратки, со што бил спречен да дојде во Белата куќа.
„Федералното истражно биро и нашите соработници од американските известувачки сили и служби за контрола на пошата, го анализираат сомнителното писмо, кое стигнало во центарот за пратки на американската влада“, навеле од ФБИ во соопштението.
Officials identify a woman suspect after letter laced with deadly ricin poison sent to President Trump https://t.co/XhTg8e4zCq
— BM (@bmangh) September 20, 2020
Во овој момент нема наговестувања дека јавната безбедност е загрозена. Слично писмо било испратено и до органите на кривично гонење во Тексас, вклучувајќи и еден затвор и канцеларија на шериф. Здружена работна група за борба против тероризмот во Вашингтон, покренала истрага со помош на полицијата од Њујорк и Кралската канадска коњичка полиција.
Истражителите соопштиле дека не е утврдена врска меѓу отровното писмо и меѓународните терористички организации, не откривајќи никакви докази. Официјални лица велат дека истрагата е започната во рана фаза и дека засега не се исклучува ниту една можност.
Рицинот е силен отров кој се добива од семето на билката рицинус. Отровот е толку силен, што е доволна количина на прав, голема колку неколку зрнца сол, за да убие човек во рок од три до пет дена.
Напад на Трамп, смртоносен пакет за американскиот претседател