Холивудскиот актер и режисер Мел Гибсон најави дека ќе снима продолжение од филмот за Исус Христос, „Пасија“. Овој филм е еден од најуспешните независни филмови на сите времиња.
Со почетен буџет од 30 милиони долари, истиот заработи на крајот повеќе од 600 милиони долари. Главниот актер Џим Кавизел ги потврди ваквите шпекулации, објаснувајќи дека веќе има разговарано со Мел Гибсон на оваа тема. Првиот филм беше сниман пред 16 години.
„Мел ми испрати трет драфт од сценариото. Филмот ќе се вика ‘Пасија: Воскреснување’ и ќе биде дефинитивно еден од најголемите филмови во човековата историја“, вели Кавиезел, кој во 2004 година го глумеше Исус.
Ниту еден филм кој досега се занимавал со верски теми,не заработил ни приближно околу 600 милиони долари. Сепак, овој филм остана запаметен и по бројните контроверзи.
За некои филмот бил премногу вулгарен, за други проблематични биле одредени библиски референци, а трети го прогласија Гибсон за правење пропаганда на антисемитизам.